Ураганот Доријан донесе на плажата Мелбурн на Флорида, пакет дрога вредна 320.000 долари.
Еден полицаец го пронајде пакетот на Рајската плажа, а подоцна е утврдено дека се работи за пакет со кокаин.
Тој објасни дека се работи за пакет кој е „завиткан на стандарден начин како што се пакува дрога од еден килограм“.
На надворешната страна на пакетот пишувало „Диамант“. Криминалистичкиот тим за наркотици истражува како дрогата можела да стигне тука, објави Си Би Ес Њуз.
А на 32 километри подалеку од Мелбурн, на плажата Кокоа, еден минувач најде торба со 25 килограми кокаин, а полицијата ги истражува и тие пакети.