Почнаа во 9 часот изутрина и завршија на пладне. Делегација на Венецијанската комисија се сретна со секоја од 5 парламентарни групи за да ги дознае нивните ставови околу законот за јазиците.
Делегацијата не даде изјава, ниту пак пратениците кои беа на средба не кажаа што мисли комисијата за законот, бидејќи, како што рекоа, делегацијата само поставувала прашања, меѓутоа пратеникот на ДУИ Артан Груби смета дека и комисијата има позитивен став.
Во текот на средбата тие имаа прашања за одредени членови. Според тоа што прашуваа, мојата констатација е дека законот е добар законски текст што овозможува граѓанска и јазична еднаквост и не чувствува никаква загриженост поради нивните гледишта кои треба да ги презентираат.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за законот и натаму е ист. Забелешките се однесуваат на начинот на донесувањето на законот и уставноста на истиот. Никола Мицевски вели дека ставот на комисијата не содржи некоја задача за земјава.
Пратеничката на владината коалиција, Соња Мираковска, вели дека забелешките на Комисијата можат да се почитуваат доколку се сите согласни.
Забелешките кои ги доставија групата на пратениците на Алијанса за Албанците и Движење Беса, беа за дефиницијата „20%“, што според Зијадин Села е навредливо и има карактер на привремено право. Лидерот на АА смета дека идејата за Венецијанската комисија имаше за цел усвојувањето законот за јазиците да се одложи по Спогодбата со Грција.
Најмногу се дискутира за членот 8 на Законот со кој се уредува употребата на албанскиот јазик на банкнотите и униформата на војната. Поради тоа, со договор меѓу коалициските партнери, законот е испратен во Венецијанската комисија за мислење.