4NEWS.mk

Се уште активен пожарот на потегот Страчинци – Брњарци

Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора се уште е активен, информираа утринава за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје.

Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума. Непристапниот терен и ветарот ја отежнуваа работата на пожарникарите.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни