Со тешка механизација и камиони депонијата „Шапкар“ кај селото Добрашинци,на која се одложува отападот од општините Струмица и Василево, се заштитува од пожари со тампонирање и затрупување на отпадот со песок, информираат од ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.
-Затрупан и покриен е повеќе од половина од отпадот на депонијата. Тешка механизација веќе неколку дена работи на локацијата, со цел конзервација на просторот кој неколку месеци наназад беше опожаруван. На депонијата интензивно се носи земја и песок со која се покрива локацијата, како мерка со која ќе се оневозможи повторно активирање на пожарот, додаваат во информацијата од струмичкото комунално претпријатие.
Завчера избувна голема пожар на оваа депонија, но со брза интервенција тој беше локализиран и подоцна изгаснат.