Австралискиот возач во Ф3, Алекс Перони преживеа страшна несреќа на патеката во Монца. Неговиот болид летна во воздух, се заврти неколку пати и падна на покрив удирајќи во гумената бариера и во бетонскиот ѕид зад него.
Младиот возач иако одо болидот излезе неповреден тој веднаш со медицинско возило е префрлен во болница поради претпазливост.
Поради несреќата на Перони беше одложен тренингот на тркачите од Формула 1.