Синоќа во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Велес, Ј.Р.(66) од Велес управувајќи моторцикл „томос АПН-4“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот.
Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес.