4NEWS.mk

Судар на две возила кај Радуша, три лица завршија во болница

Вчера во 16,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Радуша – с.Долно Свиларе,скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,ауди А4’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) и патничко моторно возило,,фолксваген голф’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(38) и двајцата од с.Радуша,скопско.

А.С., Ј.Ш. и неговиот сопатник- малолетник од с.Радуша се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни