4NEWS.mk

Жбогар заигра на „Македонско девојче“ на Денот на независноста

Евроамбасадорот Самуел Жбогар беше еден од гостите денеска на прославата на 8 Септември – Денот на независноста, која под мотото „Боите на независноста“ се одржа на Школка во Градскиот парк во Скопје.

Тој присустуваше на целата свеченост заедно со министри од Владата, амбасадори, градоначалници, пратеници, граѓани, а во еден момент кога се слушна песната „Македонско девојче“, евроамбасадорот се фати на оро.

Тој објави и твит во кој вели дека не можел да оддолее, а да не се фати на орото.

-Не можев да одолеам, а да не се фатам на оро на мојата омилена песна „Македонско девојче“, твитна евроамбасадорот Жбогар.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни