Македонија

Кои се следните чекори на ОЈО и СЈО? Дел од предметите повторно ќе ги застапуваат обвинители од СЈО

Обвинетите од СЈО засега е неизвесно дали ќе имаат можност за одмор поради евентуален вакум простор при трансферот на предметите од СЈО во Јавното обвинителство.

Јовески за ТВ21 вели дека по договарањето на техничките детали за преземањето на предметите согласно Законот ќе се распределат на надлежните обвинителства.

„По превземањето на предметите ќе се определи кој обвинител ќе постапува по конкретен предмет. Тоа не ја исклучува можноста по предмети да постапуваат обвинители од СЈО. Нивниот статус по 15 септември треба да го реши Советот на јавни обвинители. Очекувам предавањето на предметите да не трае долго, за што ќе се направат соодветни подготовки и затоа не очекувам вакум период“, вели Јовески.

Адвокатот на неколку обвинити од СЈО, Антонио Апостолски за ТВ21 вели дека мислењето на правниците и експертите никој не го интересира, додава дека на крај политичарите го имаат последниот збор.

„Јас мислам дека, ние правници какво и да дадеме мислење е нецелисходно бидејќи полтиичарите на крај ќе се договорат и како ќе се договорат така ќе биде. Политичарите преку партиите се законодавци, така да политичарите мора да носат закони кои ќе бидат применили, а не да прават упад во системот. Дали во правосудниот или во било кој друг.“, рече Апостолски.

Експертите велат дека бомбите не се клучен доказ во предметите. За предметот да добие пресуда мора да има и други докази во спротивно тој предмет ќе падне.

Само три предмети на СЈО ги поминаа судските лавиринти. Судот ќе заседава за уште најмалку 20-тина обвиненија годинава. До сега „Чарлиевите ангели“, како што на почетокот ги нарекуваа обвинителките од СЈО, во Судот до крај истераа само три предмети, а незавршени им останаа уште дваесетина обвиненија.

Тенк, Труст и Тифани се единствените предмети кои добија судска разврска и затворски казни за обвинетите. „Тоа на М“ односно предметот познат како Тенк, му донесе и две годишна казна затвор на поранешниот премиер Никола Груевски, кој пак по ова со дипломатско возило пристигна во Будимпешта каде што доби по брза постапка политички азил.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни