Младата фудбалска репрезентација на Македонија со убедлив триумф од 7-1 против Ф: Острови ги започна квалификациите за следното ЕП.
Избраниците на Благоја Милевски не се поколебаа откако гостите први го отворија резултатот со гол од пенал и започнаа серија во која бројеа за првпат во историјата на младинскиот фудбал до 7.
Брилјираа нашите интернационалци Митровски кој постигна хет-трик и Чурлинов кој беше стрелец на два гола. По еден гол постигнаа Даци и Личина. Следува гостување на Македонија на 10. октомври во Ц.Гора.