4NEWS.mk

Во акција во повеќе градови во БиХ уапсени 14 лица за кражби и трговија со дрога

Припадници на Федералната полициска управа во Мостар, Читлук, Купрес, Јабланица и Сараево од утрово спроведуваат акција „Орка“, во која досега се уапсени 14 лица, а претрес е извршен на ист број локации.

Апсењата се поврзани со низа прекршоци во изминатите пет години, како што се грабежи на банкомати, транспорт на пари, бензински пумпи и напади на трговски центри низ Федерацијата на БиХ.

Тие се обвинети за разбојништво, тешки кражби и трговија со дрога.

 

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни