Македонија

Општина Центар реагираше веднаш по прилогот на ТВ21: Исчистен паркот кај Собрание

Вака изгледаше паркот близу Собранието пред 15 часот.

А, вака веднаш по емитувањето на прилогот на ТВ21. Иако, општина Центар не одговори на нашите повици, сепак преземаа мерки, излегоа на терен и го исчистија паркот.

Екологистот Африм Османи за ТВ21 рече дека државата е должна на граѓаните да им обезбеди чиста животна средина, додавајќи дека и самите граѓани треба да се ангажираат. Според Османи, треба да се казнуваат против оние кои ја загадуваат животната средина.

„Тоа е уставен императив – кон кого треба да се впери прстот за почиста животна средина. Најпрво тоа е должност на државата. Членот 43 е многу јасен во однос на унапредувањето, заштитата и зачувувањето на животната средина. Ова прашање е дел од корпусот на основните човекови права, кој го опфаќа секој граѓанин. Секој човек има право на чиста животна средина“, рече Османи.

Освен отпадот, во паркот меѓу Собранието и Министерството за транспорт и врски можат да се забележат и запоставени дрва, куп земја, како и табла за изградба на парк поставена од властите на општина Центар.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни