Во рамките на кампањата на Црвениот Крст за укажување на прва помош стручни лица од организацијата одржале 120 обуки за укажување прва помош, а 4500 граѓани го обновиле своето знаење за да помогнат во случај на сообраќајка, повреда во домот или друга несреќа.
Од Црвениот крст сметаат дека е потребно поголемо системско решение пред полагањето на возачкиот испит за да се има поголема контрола на знаењето, идните возачи навистина да добијат стручно знаење како да укажат прва помош и сите институции кои се вклучени во овој систем поодговорно да се вклучат во овие задолжителни обуки.
Александар Динев