Македонија

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на Собранието – разрешена Јанева

Советот на јавни обвинители вечерва едногласно одлучи да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а в понеделник ќе одлучува за статусот на останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство. За нејзино разрешување гласаа сите осум присутни членови на Советот на вонредната седница.

Советот на јавни обвинители на денаешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење”, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седница.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни