Македонија

Приватизација на брзата помош? Дали граѓаните ќе плаќаат од свој џеб?

Министерот за здравство, Венко Филипче најави приватизација на Брза Помош, но рече дека претходно ќе има јавна дебата за склучување на јавно -приватно партнерство за поефикасна употреба на првата помош. На дебатата, како што рече, ќе учествуваат експерти по медицина и од областа на економијата. Министерот рече дека тоа е за доброто на граѓаните и дека тоа не подразбира покачување на партиципацијата што ја плаќаат граѓаните.

Веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека Министерството за здравство се претворило во приватна институција.

Прашавме неколкумина граѓани што мислат за приватизацијата на Брза Помош.

Најавата за склучување приватно – јавно партнерство  министерот за здравство Венко Филипче ја кажа вчера, но потврди дека тоа нема да се случи доколку не помине на јавната дебата која се очекува да се одржи во ноември.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни