Речиси цела куќа изгоре денеска во пожарот кој се случи во Велес, јавува ТВ21 од терен во Велес. Најпрво самите жители на куќата и соседите се обиделе да го изгаснат пожарот, а потоа притстигнала и противпожарно возило.
Се очекува пожарот набрзо да биде локализиран од пожарникарите. Деталите ќе бидат познати во текот на денот.
Засега не се познати причините за настанувањето на пожарот.
