Македонија

ФОТО: 12 пратеници потпишаа иницијатива Македонија да биде една изборна единица

Во Собранието на Р.С. Македонија формирана е Иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и 1 независен пратеник. На средбата во собранискиот Клуб на пратеници, одржана на 11 септември 2019 година, формирана е група од пратеници кои се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица.

За таа цел, пратениците потпишани на иницијативата писмено преку архивата побарале состанок со  Претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес.

Овие пратеници, ценат дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на вољата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел.

Во прилог списокот на пратеници, кои стојат зад Иницијативата за една изборна единица: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни