4NEWS.mk

Лицата со хендикеп бараат доближување и имплементација на Конвенцијата на ОН на локално ниво

 Децентрализација и реална имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп при Обединетите нации беше тема на денешната дебата на фокус групата во Крива Паланка која ја организираше здружението „Хендикеп плус“.

Активноста е дел од проектот „Регионални политики за хендикеп“ што „Хендикеп плус“ го спроведува во партнерство со „Активен живот“ од Тетово, финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас.

– Спроведуваме истражување со цел да ги согледаме размислувањата на лицата со и без хендикеп во поглед на остварување на граѓанските, економски, политички социјални и кулутрни права на граѓаните со хендикеп во државата,како и нивното учество во креирање политики и носење одлуки на локално ниво, согласно Конвенцијата на ОН. Ефикасното и ефективно спроведување на одредбите од Конвенцијата за правата  лицата со хендикеп при ОН неминовно се поврзани со обврските на државата по вертикала, од национално на локално ниво. Поради тоа и единиците на локалната самоуправа треба да играат важна улога во спроведување на одредбите, изјави Бранкица Димитровска, координатор на проектот.

Целта на фокус групата е да се идентификуваат проблемите  со кои с есоочуваат лицата со хендикеп на локално ниво, но и да се согледа моментната состојба околу вклученоста на лицата со хендикеп и нивните здруженија во креирањето политики и носење одлуки на локално ниво.

На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, од Советот на општината, политички партии, локални институции од областа на здравствена и социјална заштита.

– Неопходно е локалната власт час поскоро да ги препознае како зедница и како индивидуални иколективни права на лицата со хендикеп, да овозможи нивно активно вклучување во креирање политики и овозможување сервиси за поддршка на овие лица.Неопходно е општините континуирано да работат на подигнување на јавната свест по однос на лицата со хендикеп, со цел надминување н анивната стигматизација и маргинализација, рече Елена Кочоска од „Полио плус“

Фокус група е планирно да се состане и во Тетово, во организација на невладината „Активен живот“. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни