4NEWS.mk

Физички нападнат 22-годишен Скопјанец

Вчера околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, Д.А.(22) од Скопје бил физички нападнат од С.Ф. од с.Зелениково и уште неколку лица. Притоа, според пријавата, бил оштетен и мотор „хамачи“, управуван од Д.А. и патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на другo лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци .

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни