Големиот пожар кој избувна денеска во шума во селото Селце, и кој му се закануваше на манастирот Свети Димитриј, придонесе да бидат евакуирани 500 ученици кои биле на екскурзија. Наставниците го забележале пожарот, веднаш ги информирале надлежните, и безбедно го напуштиле местото. Пожарот до манастирот е ставен под контрола, но и натаму гори огромен дел од Селечка Планинја. Во моментов пожарникарите се на терен и се борат со оганот.
„Се јавивме во Дирекцијата за заштита и спасување исто така се јавивме директно кај министерот за МВР, Оливер Спасовски, каде што ни одговорија дека за многу брзо време ќе добиеме воздушна поддршка, тоа и се случи. Околу 80-тина пешадијци од ТППЕ Прилеп, Јавните претпријатија и граѓани доброволци се упатени кон гаснење на пожарот“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.