Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара отчет: „СЈО да каже каде потрошило 15 милиони евра“

ВМРО ДПМНЕ бара да се формира комисија од 10 членови која ќе биде предводена од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а која треба да испита каде СЈО потрошило 15 милиони евра. Опозицијата бара формирање на анкетна комисија во Собранието за испитување на евентуалното нелегално работење на СЈО.

„Токму Собранието на предлог на Советот на јавни обвинители констатираше дека специјалниот обвинител Катица Јанева работела нестручно, незаконски и несовесно и сакаме во име на граѓаните како даночни обврзници кои одвоиле околу 15 милиони евра за работењето на досегашно на СЈО да ги утврдиме фактите на кој начин биле трошени средствата и на кој начин се постапувало по одредени други процедури внатре во самото СЈО“, вели пратеникот Антонио Милошоски.

Власта е против.  Според нив ВМРО-ДПМНЕ опозицијата бара начини да ги спаси криминалците во своите редови.

„Лично за мене е неприфатливо. Очигледна е паниката во ВМРО-ДПМНЕ и продолжуваат во обидот да ги амнестираат криминалот и криминалците во новните редови. Едно нешто можам со сигурност да им порачам дека како што не успееа да ги спречат предметите да пропаднат на СЈО исто така нема да успеат да се спасат од одговорност“, рече Костадин Костадинов.

Во меѓувреме власта и опозицијата  се уште со различни ставови за законот за јавното обвинителство. По неформалната средба на преговарачките тимови најавено е дека разговорите ќе продолжат во четврток и петок.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни