Македонија

ФОТО: Голем пожар кај Петровец

Голем шумски пожар во близина на општината Петровец. Според информациите на ТВ21 гори сува трева и нискостеблеста шума, а постои и опасност за проширување на огнот кон селото.

На социјалните мрежи веќе се објавуваат фотографии и видео материјали од големите пламени јазици, повикувајќи ги граѓаните да излезат и помогнат.

„Ова е катастрофа. Освен што барав брза реакција ги замолувам граѓаните да се вклучат во гасењето“, напиша на Фејсбук – пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.

Екипа на ТВ21 е на терен, очекуваме повеќе информации.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни