Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да одговори што не сака јавноста да дознае за Рекет, бараат од владеачката СДСМ.
– Мицкоски наместо да шири лажни вести, да излезе пред јавноста и да одговори: Дали Орце Камчев, тајкун на режимот и оввинет во предметите на СЈО, бил финансиер на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ? Дали ја финансирал претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ? Колку го чинело Камчев односно неговите фирми ова? – праша Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.
Катерина Нешкова