Македонија

Бугарија условува, Германија ја поддржува Македонија кон ЕУ – историјата пречка за поддршка на евроинтеграциите?

Несогласувањата околу историското минато меѓу Македонија и Бугарија можат да се претворат во причина за источниот сосед да постави услови за да го поддржи евро-интеграцискиот процес на Македонија во Европската унија. Барем таков впечаток може да се добие од изјавата на бугарскиот Претседател, Румен Радев, кој рече дека Бугарија треба да го поддржи интегрирањето на Македонија, но не на сметка на бугарската историја и идентитет. Ова, Радев го изјави на средбата со бугарските претставници во експертската Комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји.

Од друга страна пак, Германија останува силен поддржувач на евроинтеграциите на Македонија. Вицепремиерот Бујар Османи, вели дека од германскиот министер за Европа, Михаел Рот, добил потврда дека Бундестагот по една недела ќе гласа „за“ отпочнување на пристапните преговори.

Се очекува Османи од Берлин да отпатува до Варшава, каде ќе се сретне со полскиот министер за надворешни работи, Јацек Чапутовиќ и со државниот секретар за европски прашања при полското МНР, Конрад Шимански.

На средината на октомври, претставниците на 28 земји-членки на Европскиот совет се очекува да гласаат за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Се очекува на Албанија да ѝ бидат поставени услови, но не се зборува дека такво нешто ја чека и Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни