Македонија

Владата „на нозе“ против лажните вести – говореа за транспарентност, а не дозволија новинарски прашања

Тројцата шефови на државата, премиерот Зоран Заев, собранискиот спикер, Талат Џафери и Претседателот Стево Пендаровски, го преземаа првиот институционален чекор во борбата против дезинформациите и лажните вести.

Но, тие не беа единствените кои присуствуваа на конститутивната седница на овој акционен план. Не изостанаа ниту министерот за внатрешни работи, за информатичко општество, за надворешни работи, министерката за одбрана, како и првиот човек на Министерството за транспарентност.

Присутни беа и Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, и шефот на Агенција за разузнавање, Еролд Муслиу. Премиерот, откако се осврна на неколку лажни вести во врска со Преспанскиот договор, рече дека Владата го изготвила планот како одговор против сајбер-заканите.

Собранискиот спикер пак, Талат Џафери рече дека обемот и брзината на ширењето на лажните вести, освен што се неповратни, претставуваат и најсилното оружје на денешницата.

Шефот на државата, Пендаровски рече дека резултатите од оваа борба, не треба да се очекуваат преку ноќ и со еден акционен план, објаснувајќи – како институциите треба да им одговорат на лажните вести.

Освен Заев, Џафери и Пендаровски, никој друг не се обрати, дури не беа дозволени ниту новинарски прашања. На крајот на седницата, само им се заблагодарија на новинарските екипи за нивното присуство и ги испратија.

Премиерот за време на неговиот говор, истакна дека во октомври ќе се одржат консултации со граѓанските, новинарските и медиумските организации, со граѓаните, како и со сите оние кои сакаат да се вклучат во борбата против дезинформациите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни