Македонија

Ребалансот на буџетот пред пратениците – новата министерка го пофали, за опозицијата е популистички

Во законодавниот дом почна расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Според опозицијата тој е популистички и предизборен, а според власта парите ќе одат кај граѓаните.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека економските трендови се многу добри. Овогодишниот раст е ревидиран на 3,2%, а за следната година се очекува да изнесува 4,2%.

Министерката воедно истакна дека државниот долг заклучно со 30 јуни изнесува 4,7 милијарди евра или 38,4% од БДП, додека јавниот долг изнесува 5,3 милијарди евра или 46,6%, при што Северна Македонија е средно задолжена земја. Според ВМРО-ДПМНЕ ребалансот е доказ за неспособноста на власта.

СДСМ смета дека ребалансот ќе стимулира пораст на платите, ќе овозможи отворање нови работни места и подобри плати, што ќе влијаат во економскиот раст. Од јануари следната година стапува на сила новото покачување на платите за 5% за вработените во јавната администрација, здравство, образование, полиција, култура, одбрана итн. Дебатата според Деловникот треба да трае 10 дена, по што  Предлогот оди на пленарна седница. Со предлогот се доставени 391 амандмани.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни