Од денеска официјално почнува реконструкцијата на локалниот пат од селото Владимирово до регионалниот пат. Средствата во висина од околу 19 милиони денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
На официјалниот почеток најавено е присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Берово,
Ѕвонко Пекевски.
Од општината велат дека овој пат е многу важен за локалното население и оти ќе се намалат трошоците за транспорт на жителите со што ќе се подобри квалитетот на руралното живеење.