„На 06.05.2019 исто така е доставена анонимна пријава во врска со вработувања на блиски лица на еден екс функционер, односно екс директор во акционерско друштво со државен капитал за четири случаи, значи негови блиски вработени во СЈО, но само едно лице е спомнато со име и за тоа лице се побарани податоци поврзани со постапката за вработување во СЈО, информација што е вратена, но не е прецизирана според името, бидејќи поради една буква може да не станува збор за истото лице и побараа да ги прецизираме податоците, а ние барањето го направивме така како што е напишано од страна на лицето кое пријавило и таквата постапка продолжува. Значи ние чекаме од нив податоци по прецизирање на барањето од наша страна“, вели Нури Бајрами за ТВ21, заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупција.
Целото интервју со Бајрами, гледајте го во емисијата „10 МИНУТИ“ која почнува во 19:10 часот.