Правникот кој беше министер целосно го уништи здравството –изјави Таравари во синоќешното издание на Клик Плус. Се дебатираше на повеќе теми кои го мачат здравството: насилството врз лекарите, паркинзите, за тоа кој е виновен за состојбата таква каква што. Гостите беа согласни дека здравството нема стратегија. За четири години земјава ја напуштиле над 1000 лекари.
-Никогаш во Македонија не беше министер правник, а не доктор. Тоа беше како пишано правило . Јас мислам дека тој министер е главниот виновник што здравството почна комлетно да откажува-рече Таравари.
Игор Николов член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, правејќи споредба со множества, Фондот за здравствено осигурување го спомена како посебно множество кое ги плаќа услугите, заборавајќи дека тоа се пари на граѓаните т.е. осигурениците. Потенцираше дека состојбата е апсурдна, бидејќи се напаѓаат давателите на услуга.
-Здравствениот систем можеме да го споредиме со две множества: множеството на здрав ствени работници кои пружаат нега и барателите на здравствени услуги тоа се пациентите кои што имаат, мака, болка, потреба. Третото множество е тој што ги плаќа услугите тоа е Фондот кој е монополизиран, а сите овие три множества се под координација на министерството за здравство-вели Николов.
Владимир Милошев рече дека постои период на чекање во болниците и кај нас, но и во светот. Во последниот период зголемен е бројот на напади врз лекарите.
-Од една страна нормална е таа загриженост на пациентот побрзо да ја заврши работата, од дтруга страна е одговорот на медицинскиот персонал којшто поради севкупната ситуација, или имаме недостаток или презафатеност на медицинскиот персонал-рече Милошев.
Паркинзите секако беа една од темите за која имаше спротивставени мислења. За Николов се приоритет. За Таравари доколку се решат проблемите внатре и во болниците низ Македонија нема да има проблем со паркинг.