Со низа активности и содржини посветени на алтернативното движење, општина Македонска Каменица ја одбележа „Европската недела на мобилност 2019“.
Во активностите беа вклучени ученици од воспитно-образовните установи, Дневниот центар за лица со посебни потреби и Еколошкото друштво „Здравец 2002“ кои упатија порака за почесто користење на алтернативните видови транспорт.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова најавува дека поддршка за ваквите иницијативи со цел да се подигне свеста кај граѓаните за користење на превозни средства со кои ќе се заштитува животната средина.
Европската недела на мобилноста трае од 16 до 22 септември.Годинава, се одбележува во над 2.500 градови од Европа и светот.