Македонија

Мицкоски: Од ова обвинителство очекувам сè и сешто, нема да ме изненади и да бидам осуден и притворен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МИА истакнува дека не би бил изненаден од ова Обвинителство и судство ако биде осуден, особено што на прес-конференција пред неколку дена ги спомена случаите „Рекет1, Рекет2“. Тој тврди дека има документи од искази за истрагата на „Рекет“ и дека во него има имиња на високи политичари.

„Не сум повикан во Обвинителството на исказ, но од ова Обвинителство и од ова судство очекувам се и сешто, така што не би ме изненадило да бидам повикан, да бидам осуден, да бидам притворен. Подготвени сме, имаме план Б, план Ц во начинот на функционирање и начинот на работење како ВМРО-ДПМНЕ, но мислам дека сето тоа, повторно ќе се вратам, правно и политичко насилие коешто се прави врз опозицијата во Македонија не оди во насока на оние европски вредности и во насока на тоа да се подобрува и да се релаксира политичката состојба во државата, туку според мое мислење и според мислењето на многумина во спротивен правец се води тој процес“, рече Мицкоски.

Очекувате дека случајот Рекет ќе се расчисти до крај?

„Апсолутно не очекувам. Случајот Рекет се води во насока да се заташка истиот и да се ревалитизира и тоа се прави на два начина, едниот начин е молкот од Обвинителството и вперениот прст кон лидерот на опозицијата односно кон мене и вториот моментум е медиумската хајка која што ја прави оваа Влада во насока да го супресира всушност расчистувањето на овој случај. Се сеќавате на онаа прес-конференција кога горделиво излезе Зоран Заев и кога повикуваше на расчистувања, на разрешување итн., но тоа мене не ме чуди, ниту пак современиците на политичката сцена во Република Македонија не ги чудат еден ваков тип на прес-конференција со празни флусколи, а во суштина никакви дела. Таква имаше една во минатото се сеќавате на оној октопод на којшто ќе му се сечеа пипиците, на оној на тогашниот премиер којшто доаѓаше од СДСМ, знаеме како заврши тој октопод. Исто така на сличен начин ќе заврши овој октопод.“, рече Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни