Елена Павлевска е мајка на Огнен кој има пет години. Таа твдри дека по примање на вакцина незиното дете драстично се сменило и добило вид на аутизам. Вели дека не е наследено гентески затоа што во семејството нема никој со аутизам. Само еден лекар усно и рекол дека можно е влијание да имала вакцината.
„ДТП(ДЕТЕПЕР) ваксината ја примивме со задоцнување бидејќи се предвремено родени децата. Ја доби на 16 месеци втората доза од детепер ваксината. После тоа вриштење пиштење и вриштење. Немаше говор. Немаше контакт и комуникација со луѓе. Беше сосема поинакво дете од предходно. Тој лазеже, зборуваше и кажуваше зборчиња на негова возраст. Одеше. Конзумираше се од храна за разлика од сега која сме на еднолична храна. И прима многу медикаменти.“, вели таа.
Два дена по ред се одржува научна конференција на која се спротиставени аргументите „за“ и „против“ вакцинацијата на лекари од Словенија, Хрватска, Србија и од Македонија. Конференцијата ја поддржува и владата со 30 илјади денари, но министерот иако најави дека ќе биде присутен тој не се појави.
„Така беше договорено дека треба да ги спротивставиме двете страни од вакцинацијата и да извлечеме релевантни заклучоци. Ние навистина сакавме да дојдат.“, рече Гордана Гоцо од НВО од „Нас за нас“
Лидија Гајски доктор од Хрватска вели дека родителите се соочуваат со контрадикторни информации затоа што дел од стравуваат од заразни болести, а други пак од самото вакцинирање и нивниот состав.
„Мислам дека треба да им се каже на родителите дека за вакцините знаеме многу малку. Постојат сведоштва за тоа дека во ректи случаи вакцините можат да бидат штетни. Родителите треба да бидат внимателни и да истражуваат што е можно повеќе. Да бараат од надлежните власти да креираат добра и разумна политика на вакцинирање“, вели Гајски.
Инаку, неколку училишта во Скопје, Штип, Куманово и Велес и сите училишта од Битола, учениците кои не ја примиле МРП вакцината не ги примаат на училиште. Тие веќе 3 недели не одат на настава, со што се крши законот кој вели дека секое дете има право на образование. До министерството за образование се поднесени 300 преставки од родители кои не сакаат да ги вакцинираат нивните деца, но од министеството не одговараат за тоа кога ќе се дејствуваа по овие барања.