Македонија

Четири години ТВ21 Македонија – медиум кој ја доби довербата од гледачите

Пред четири години, зградата од каде што и денеска ги емитуваме овие вести, беше напуштено и руинирано место. Токму на 21 септември 2015 години ТВ21 почна да емитува програма. Во изминатите четири години се наметнавме како медиум кој работи професионално и независно и на кој гледачите му веруваат. Млади сме, треба уште да учиме, но најдоброто од нас допрва доаѓа. Во изминатите четири години како новинари преживеавме многу нешта, од протести, па поплави, политичка и мигрантска криза, неколку изборни циклуси, напад на собранието, и многу други настани вредни за известување. Во продолжение погледнете само мал дел од она за што известувавме.

Во изминатите четири години ние бевме тие кои известуваа и зборуваа за политичарите, за нивното работење, или неработење, за ветувања кои се реализирани или останаа нереализирани. Но, во следните минути, политичарите зборуваат за ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни