За еден месец за истрагата „Рекет“ треба да биде покренато обвинение доколку за тоа обвинителката Рускоска има доволно докази.
ТВ21: Уште колку време останува за да ја завршите истрагата и да покренете обвинение?
„Севкупно 3 месеци. Ако сметаме до колку осомничените можат да бидат во притвор. Иаку истрагат може да трае 6 месеци, може и да бараме продолжување на истрагата, но доколку сакаме да опстои притворот, во рок од 3 месеци мора да биде подигнато обвинение.“, вели Рускоска.
По серијата повикани личности на распит кај Рускоска, според информации на ТВ21 в понеделник во 12 часот Бојан Јовановски за прв пат ќе даде исказ во врска со случајот, а вторник во истиот термин по втор пат и третоосомничената Катица Јанева.
„Да повикана е во вторник ќе дава исказ“, изјави Рускоска.
Јанева е разрешена од специјален јавен обвинител, но и од јавен обвинител во Гевгелија, тоа го потврдуваат и Министерката за правда, но и нејзината адвокатка во синоќешното издание на емисијата „360 степени“.
„Дискутабилна е за мене одлуката на Советот за разрешување на Јанева од фунцкијата Јавен обвинител во Гевгелија. Затоа што, на кој начин, како утврди советот на јавни обвинители дека претпоставено Јанева постапувала несовесно и незаконито како јавен обвинител во Гевгелија. Значи тие две постпаки не можат да се поистоветуваат, сметам дека таа одлука на советот е спорна и претпоставувам ќе биде предмет на некаква жалба“, изјави Рускоска.
Но, членовите на Советот не се согласуваат со ова, велат дека тие ја разрешиле Јанева само од Специјален јавен обвинител.
„Специјалното јавно обвинителство и редовното обвинителство се посебни институции. Со тоа што е ставено вон сила ова решение со кое и мируваше функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија таа веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обивнител“, вели Ацо Колевски.
Новинар: Значи таа е разрешена од јавен обвинител?
„Да, таа беше разрешена поради одлуката за разрешување беше донесена и оваа одлука за престанок на мирување на функцијата“, изјави Ацо Колевски.
„Таа дилема постоеше и на седницата во саботата, а и на денешната седница. Имаше дискусија во тој правец и одлуката на членовите на Советот на Јавни обвинители беше дека ја разрешивме Катица Јанева од функцијата специјален обвинител и со денешната одлука се укинува одлуката со која и беше во мирување функцијата обвинител во ОЈО Гевгелија. Што подразбира дека Катица Јанева се враќа во ОЈО Гевгелија“, рече Меџит Јусуфи.
Адвокатката на Јанева вели дека имала увид во доказите кои ги поседува обвинителството за Јанева, а за снимените материјали кои бизнисменот Камчев ги направил, вели дека ќе ги оспоруваат бидејќи тие се нелегално прибавени материјали и според нив не може да бидат користени како докази.