Македонија

Конечно, се огласи и градоначалникот – Георгиевски: „Училиштето не е надлежно за отворање албанска паралелка“

По неколкудневните обиди да добиеме одговор од првиот човек на општина Гази Баба за отворањето на паралелки на албански јазик во Основното училиште „Његош“ во Јурумлери, конечно градоначалникот Борис Георгиевски го сретнавме на еден настан. Вели дека барањето го доставил до училиштето, но од таму добил одговор дека тие не се надлежни за отворање на паралелки и дека ова прашање е во надлежност на Министерството за образование.

Но, министерот за образование, Арбр Адеми уверува дека она што го говори Георгиевски не е точно и дека тој и директорот на училиштето не си ја вршат работата, како што било разговарано пред две недели на заедничкиот состанок.

-Во однос на што е договорено од порано, барањето треба да дојде од училиштето, односно од директорот. Такво барање сѐ уште нема пристигнато во Министерството за образование и наука. Невистинити се тврдењата дека училиштето, односно директорот или Училишниот совет се ненадлежни да одлучуваат за вакво прашање. Тие треба да достават барање и ве уверувам дека од наша страна ќе добијат позитивен одговор-вели министерот Арбер Адеми.

Веќе две недели се обидуваме да стапиме во контат и со директорот на училиштето „Његош“, но тој не се произнесе – дали ќе достави барање за отворање албанска паралелка.

Пред неколку дена, жителите на Јурумлери излегоа на протест преку кој се спротивставија – во училиштето „Његош“ да се изучува албански јазик. И додека не се изнајде разрешница за оваа проблематика, 12 деца Албанци сѐ уште не тргнаа на училиште.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни