Со велосипедското дефиле што се одржа денеска низ главните сообраќајници во градот, во кое учествуваа деца и граѓани од различна возраст, во Општина Гевгелија заврши одбележувањето на традиционалната „Европска недела на мобилност“.
Покрај велосипедистите, денеска во спроведувањето на кампањата и на Денот без автомобили учествуваа и планинарите од Гевгелија кои пешачеа по маркираните патеки на планината Кожуф.
Претходните денови дел од кампањата беа и учениците од прво одделение од двете основни училишта во градот кои со помош на стручни лица од Полициската станица беа запознаени како правилно и безбедно да ги преминуваат улиците на пешачки премини и како безбедно да го поминат патот од нивните домови до училиште и назад.
Во кампањата беа вклучени и најмладите гевгеличани за кои во централната детска градинка беше организирана едукативно интерактивна работилница за запознавање со сообраќајните правила и прописи.