Во образложението на Управниот суд, меѓу другото, се наведува дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а итсто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.
– Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази. Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека со истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка, се наведува во образложението од Управниот суд.