Македонија

Реконструкција на Бит Пазар: Исечени десетина дрвја засадени во декември

Поставувањето барикади од компанијата Масон Инженеринг која ги извршува градежните работи околу реконструкцијата на Бит Пазар, резултираше со десетина пресечени млади дрвца, а неколку од нив се исушија. Во петокот ТВ21 ја посети компанијата во обид да добиеме одговори на нашите прашатња.

„Дојдовме во канцелариите на компанијата Масон Инженеринг која го доби тендерот за изградба на Бит Пазар, за да ги прашаме зошто ги пресекле дрвцата. Но иако на нивните канцеларии пишува дека работно време е до 16 часот, во моментов овде нема никој.“, известува репортерот на ТВ21, Мевљудин Имери.

ТВ21 се обрати до ЈП Паркови и Зеленило за да праша дали тие се запознаени со ова. Но од таму ни одговорија кусо, без многу детали.

„Ве известуваме дека ние како претпријатие не сме имале акција за сечење дрвца кај Бит Пазар.“, велат од ЈП Паркови и зеленило.

Иако чекавме три дена од Град Скопје, не ни одговорија дали имаат информација кој и зошто ги исекол дрвјата.

Овие дрвца беа засадени во акција од Град Скопје и Општина Чаир во декември 2018 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни