Македонија

ВИДЕО: Заврши распитот на Боки 13, Дуковски: „Тој е во животозагрозувачка состојба“

Боки 13 го заврши исказот за „Рекет“ кај Вилма Рускоска, по што го напушти Судот и ќе биде вратен во притвор во Шутка.

Изјава даде неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој рече дека Боки 13 е во животозагрожувачка состојба.

„По мене е во животозагрожувачка состојба. Се работи за операционен зафат, од естетска природа, намалување на желудникот. Но потоа има две неуспешни операции на подврзување на тенкото црево, и нон-стоп повраќа и нон-стоп паѓа. Го носат во амбуланта и му даваат една обичен раствор. Реално не му е добра здравствената состојба, можеби сам придонел со таква операција“, вели Дуковски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни