Се чувствуваат игнорирани и бараат помош од странците. Отидоа во Амбасадата на САД во Скопје, за да се жалаат дека нивните деца останале дома и дека не можат да одат на училиште.
Жителите и родителите на учениците кои веќе 23 дена бараат решение, односно отворање на паралелки на албански јазик во училиштето во село Идризово, општина Гази Баба, на странците им ги објаснија нивните напори за да се реши овој стар проблем. Во преписката доставена до странците пишува – бараат технички средства за настава на албански јазик од 6 до 9 одделение.
Бараат градоначалникот и директорот да го одржат даденото ветување пред две недели, дека ќе се отвораат паралелки на албански јазик.
Пред две недели родителите на учениците Албанци протестираа и ја бојкотираа наставата бидејќи бараат нивните деца да учат на нивниот мајчин јазик, албански. По тој протест, и родителите Македонци протестираа и бараа да не се отворат паралелки на албански јазик во училиштето во Његош.