Македонија

Визбегово, училиште и транспорт – „Изградбата на училиштето ќе започне следната година“, вели Смилевски

По сторијата на ТВ21 за транспортот и немањето основно училиште во Визбегово, реагираа властите. Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски рече дека од следната година ќе започне изградбата на училиштето.

Во моментов учениците патуваат со стар минибус до Чаир за да следат настава. Во врска со ова, од Јавното претпријатие за транспорт велат дека ќе понудат нов минибус но потсетија дека улицата од таа страна не е санирана. За проблемот со транспортот на учениците, Смилевски рече дека општината како орган нема точна бројка од учениците бидејќи многу од жителите немаат адреса и тврди дека повеќето од жителите, иако гласаат во Бутел, не се регистрирани таму.

Земјиштето за изградба на училиштето во Визбегово е доделено уште во 2005 година. Анкетираните жители од ТВ21 пред неколку дена рекоа дека не им веруваат на дадените ветувања. Тие тврдат дека училиштето требало да се изгради уште пред 20 години.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни