4NEWS.mk

Помпео следната недела во Подгорица

Американскиот државен секретар Мајк Помпео треба да ја посети Црна Гора следната недела, објавија подгорички Вијести.

Весникот наведува дека шефот на Стејт департментот и еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп треба да пристигнат во Скопје на почетокот на октомври, а потоа да оствари официјална посета на Црна Гора.

Американската амбасада во Подгорица не го потврди ниту негираше пристигнувањето на висок американски претставник или на Стејт департментот.

Помпео неодамна го назначи Метју Палмер за Специјален пратеник за Западен Балкан.
 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни