Вчера попладне околу 15 часот на автопатот Тетово – Скопје, В.Х. (32) од Косово, управувајќи патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, изгубил контрола и удрил во оградата на коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.А. (29) од Косово и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.