4NEWS.mk

Свети Николе го доби приматот најпреспективна општина за инвестирање

Општина Свети Николе е прогласена за најпреспективна општина за инвестиции во Република Северна Македонија од страна на Меѓународниот економски форум PERSPECTIVE со седиште во Дубровник и независниот меѓународен комитет “GLOBALLOCAL” кој го сочинуваат 18 експерти од девет  земји од областите економија, маркетинг, менаџмент, финансии, социологија, претприемништво, право, архитектура, екологија, локален и регионален развој.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека оваа награда ја добиваат, бидејќи по отварањето на новиот автопат Миладоновци-Свети Николе-Штип се создаваат голем број можности за инвеститорите, кои добиваат побрз и побезбеден транспорт, а аеродромот во Скопје им е оддалечен помалку од 30 минути.

-Свети Николе стана и интересно за инвестирање и во изградба на фотоволтаични централи, односно за производство зелена енергија. Покрај 50 хектари за фотоволтаични централи веќе имаме и инвеститори од земјава, но и од Германија, Турција и Бугарија, што сакаат да инвестираат во изградба на вакви централи на површина од околу 100 хектари. Ние како општина веќе правиме и пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно, а станува збор за земјиште, кое е во државна сопственост и од четврта или петта категорија, кое не е атрактивно за земјоделците и со години стои необработено, вели Велковски.

Лоакциите за изградба на централи, кои ќе произведуваат струја од сончевата енергија се покрај автопатот и на Овче Поле во близина на фабриката МИК.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Велковски наградата за најперспективна општина за инвестиции ќe ja добие на  свеченото доделување, што  ќе се одржи во рамките на Светскиот конгрес за претприемачи во Скопје на 17 и 18 октомври 2019 година. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни