Малолетна тетовка физички била нападната во учлишниот двор, од татко на друга малолетничка поради недоразбирање помеѓу неговата ќерка и неа.
„На 25.09.2019 во СВР Тетово, И.А.(42) од Тетово пријавил дека околу 13.00 часот во училишен двор во Тетово, М.С.(41) од Тетово физички ја нападнал и повредил неговата малолетна ќерка, која претходно имала недоразбирања со неговата ќерка“ стои во соопштение од МВР.
М.С. бил повикан во Полициската станица Тетово и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.