4NEWS.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен

Паниката на СДСМ секојдневно расте. Политичката кариера на Зоран Заев е завршена.

Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен.

Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во  Заев и неговата Влада.Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

Поради оваа причина Заев се плаши од предвремени парламентарни избори. 

Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалиите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава.Граѓаните кога и да се случат изборите ќе го казнат Заев и СДСМ.

Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација.

Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни