4NEWS.mk

Затворен еден од најозлогласените затвори во Мексико: Тука се одигра крвав масакр во кој загинаа 50 затвореници

Мексиканските власти затворија еден од најозлогласените затвори во кој пред три години во немирите загинаа речиси 50 затвореници.

Гувернерот на државата Нуево Леон Хаиме Родригез рекол дека наместо затвор „Топо Чико“ ќе биде државен архив.

Во тој затвор во судрите на две фракции од картелот Зетас во февруари 2016 година загинаа 49 затвореници.

Власите во затворот открија луксузни ќелии со сауни, клима уреди, фрижидери, шанк за храна и пијалоци.

Родригез рече дека неколку претходни администрации не успеале да направат ништо по прашањето за овој затовр иако знаеле дека е пренатрупан и надвор од контрола.

Последната група затовреници префрлена е во текот на викендот на други локации.

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни