Перуанскиот претседател Мартин Вискара нареди распуштање на Конгресот, но пратениците не го послушаа и изгласаа негова суспензија поради што на земјата и се заканува најтешката политичка криза во последните две децении.
Светските агенции јавуваат дека опозициските пратеници, кои го контролираат Конгресот, изгласаа Вискара да го замени потпретседателот Мерцедес Араоз.
Вискара ги обвини членовите на Конгресот дека ги блокираат антикорупциските реформи кои тој сака да ги спроведе.
Во меѓувреме пред зградата на Конгресот се собраа приврзаници на претседателот кои ги повикуваат пратениците да ја напуштат зградата.
На улиците е забележан и голем број припадници на полицијата кои се опремени за сузбивање демонстрации.
Официјални претставници на полицијата соопштија дека тие го признаваат Вискара како претседател и врховен командант на армијата.
Светските агенции пренесуваат дека се организира поддршка за претседателот и во други градови низ Перу.