4NEWS.mk

Управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал – тешко повреден

Синоќа  во 13.10 часот на крстосница од улиците „Никола Карев“ и „Симеон Кавракиров“ во Скопје, С.С.(35) од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни