4NEWS.mk

Земјотрес во источниот дел од Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтерова скала е регистриран синоќа недалеку од островот Халки, на истокот од Грција.

Земјотресот е регистриран на 33 километри југоисточно од островот, на 429 километри од Атина.

Како што пренесе агенцијата АНА, нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни